Вистински Дела На Љубезност Real acts of kindness

Community


Македонски & English

МАКЕДОНСКИ

Ние како неформална група од 10 членови во рамките на НВО "Поглед кон вистината", во септември 2013 година, започнавме со реализација на постојан проект "Вистински Дела На Љубезност".
-Во јануари 2015 година формиравме нова невладина организација која ќе работи исклучиво за помош на бездомници, социјално загрозени семејства и поединци "Љубезност", во која што продолживме со имплементација и развој на проектот.

Првата наша активност беше доброволно дарување на храна, која ја дистрибуиравме до социјално загрозени семејства. Како што влијанието на нашите акции се зголеми, се зголеми интересот и бројот на луѓе кои се приклучија на нашата иницијатива. Досега сме посетиле и донирале на семејства во Скопје и низ другите градови во Македонија.
Организацијата целосно функционира на доброволна основа. Досега ги имаме реализирано следниве активности:
- Оброк за бездомни лица-еднаш неделно, домашен оброк (подготвен од страна на организации, волонтери, граѓани) се дели на бездомниците пред Музејот Мајка Тереза.
Ова е редовна пракса, се реализира на иста локација и во исто време, со што луѓето се секогаш информирани. Од Април 2015, како дел од оваа активност, работи неформална група од 20 млади волонтери, под името "Ретвитни оброк" каде преку групно готвење, секоја седмица готват оброци за секој настан.
- Поддршка на самохрани родители- посети на семејствата, материјална поддршка и поддршка за вработување.
- Волонтери и донации- управување со 10 активни волонтери кои ги собираат донациите, дадени од страна на граѓаните и компаниите. Нивната поддршка е многу важна во доставување на донации во домовите на сиромашните семејства. Се трудиме оваа наша активност да ја водиме на транспарентен начин, да биде видлива за донаторите, но и за корисниците. На тој начин градиме доверба со сите оние кои се вклучени во оваа активност.
- Поплава Скопје август 2016 - активности за поддршка - Организирање на Собирен пункт со 50 волонтери за собирање материјали (храна, хигиенски средства, облека, лекови, итн), управување со транспорт и дистрибуција на истите до поплавениот регион, упатување на 230 волонтери кои се јавија на пунктот со цел да со физичка сила да помогнат на семејствата во поплавениот регион. Ние продолживме да ги поддржуваме овие семејства со градежни материјали, мебел, опрема, итн
Идни планови:
- Развој на Центарот за социјална и професионална реинтеграција
- Отворање на шелтер-центар за самохрани мајки;
- иницирање и развој на проекти за доброто на нашите корисници и поттикнување на проактивност на заедницата.

ENGLISH

We as an informal group of 10 members within the NGO “Looking for the truth”, in September of 2013 we started the implementation of a permanent project “True acts of kindness”. January 2015 we established a new NGO to assist the homeless, socially disadvantaged families and individuals “Kindness” where continuously we were going forward with the implementation and development of the project.

Very first activity was voluntary donation of food, distributed to socially threatened families. As visibility and effects of our actions grew, grew the interest and number of people who joined our initiative. So far we have visited and shared donation to families in Skopje and other towns in Macedonia.
The organization functions completely on a voluntary basis. So far we have implemented the following activities:
- Meal for homeless people- once a week, homemade meal (prepared by organization, volunteers, citizens) are given to homeless people on a open public space in front of Mother Teresa Museum.
This is a regular practice, done on same location and hour, thus people are always informed. Last year as part of our event an informal group of 20 young volunteers, under the name “twitter meal” where through group cooking they preparing the most meals for each event.
- Support to single parents- visits to parents and offering material support and support for employment.
- Volunteers and donations- management of 10 active volunteers who collecting basic supplies donations, given by members, citizens and companies. Their support is very important in delivering the donations to the homes of disadvantaged families. We are doing this transfer on transparent way visible for donors and also for recipients. On that way we build trust with everybody who are included in this activities.
- Skopje flood August 2016 - support actions – Organizing the Collection point with 50 volunteers for collecting supplies (food, hygienic materials, cloths, medicaments, baby supplies etc), managing transport and distribution to the flood region, managing of 230 volunteers to help for restoring the houses of families in flood region. We are continuing to support the families with construction materials, furniture, equipment etc.
Future plans:
- Development of Center for social and profesional reintegration
- Opening of shelter center for single mothers;
- Initiation and development of projects for the benefit of our beneficiaries and encouragement of pro-activeness of community.